Skip to main content

IC5P8

Submitted by ferragi on

Менталните нарушувања може да влијаат врз квалитетот и количината на информации коишто барателот сака и/или може да ги даде. Изјавите може да се фрагментирани, неповрзани, да отстапуваат од временската оска, да се дадени импулсивно наместо свесно. Поради одредени ментални нарушувања, некои изјави може да се сосема надвор од реалноста. Потребно е да се земат предвид таквите фактори кога се проценува веродостојноста.

IC5P7

Submitted by ferragi on

Потешкотии во давањето јасни и разбирливи изјави може да потекнуваат од медикаментозни проблеми на барателот и од зависности (на пр. земање јаки медикаменти, зависност од дроги или алкохол итн.).

IC5P6

Submitted by ferragi on

Кога се работи за трговија со луѓе и особено за случаи кога лицето било подложено на насилство како мерка на контрола или како дел од експлоатација, вклучувајќи сексуално насилство, лицето може да има тешкотии да се сети на некои настани или на хронолошкиот редослед на настаните. Барателот може и да не сака да споделува детали за случаи на такво насилство поради чувство на срам и вина или да не сака да открие детали за трговците со луѓе поради страв од одмазда.

IC5P5

Submitted by ferragi on

Во некои ситуации бременоста може да влијае врз она што барателот го изнесува во своите искажувања.  На пример, може околностите околу зачнувањето да се дел од барањето за меѓународна заштита или може изјавите на барателот да ја доведат во прашање веродостојноста, што може да се објасни со личните околности на барателката (културно и социјално потекло итн.). Во таквите случаи може да е потребно дополнително внимателно испрашување.  

IC5P4

Submitted by ferragi on

За повеќе насоки околу проценката на веродостојноста и особено во поглед на можното влијание на посебните потреби, видете во „Практичниот водич од ЕАСО: Проценка на докази“.

IC5P3

Submitted by ferragi on

Од пресудно значење е да се земе предвид факторот на возраста кога се проценува веродостојноста во случај на дете. Изјавите на детето може да бидат недоследни, нејасно искажани или да вклучуваат изрази што детето ги чуло од возрасни. Возраста е релевантен фактор, како во однос на времето кога се случиле настаните што ги доживеало, така и во однос на времето кога се дава изјавата (доказите).

IC5P2

Submitted by ferragi on

Културата, верата и убедувањата на барателот може да го одредат начинот на кој барателот ги сфаќа социјалните улоги и односите на моќта,  како и начинот на кој ги разбира, толкува и ги претставува информациите. Другите фактори како образование, возраст, јазик, пол, социјален статус и обичаи се исто така важни во овој поглед. 

IC5P1

Submitted by ferragi on

При разгледување на веродостојноста на доказите што служат како поткрепа на материјалните факти, овластеното службено лице треба да земе предвид дека индивидуалните околности и посебните потреби на барателот може да влијаат врз начинот на кој барателот ги претставува доказите. 

IC4P6

Submitted by ferragi on

Барател од женски пол треба да бидат информиран за каква било посебна дополнителна помош што им е на располагање на жени, доколку постои.

IC4P5

Submitted by ferragi on

Таквите групи може да имаат за цел помагање на жртви на трговија со луѓе или сродни проблеми, како жртви на родово-базирано насилство.