IB9P1
Треба да започне/продолжи пронаоѓањето на членовите на семејството на детето, ако е тоа потребно.
Треба да започне/продолжи пронаоѓањето на членовите на семејството на детето, ако е тоа потребно.
Со оглед дека детето е по природа ранлива категорија, многу е важно овластеното службено лице да биде особено внимателно во однос на можните дополнителни показатели за посебни потреби.
Во повеќето случаи, улогата на лицето за поддршка е ограничена на обезбедување морална поддршка на барателот.
Во случај на барател со интелектуална попреченост, овластеното службено лице треба да осигури дека е присутен застапникот, доколку е тоа согласно националната пракса, и дека тој/таа се однесува во согласност со својата улога и со најдобриот интерес на барателот.
Може да се направат исклучоци кога е тоа во најдобар интерес на детето.
Секое трето лице присутно за поддршка на барателот треба да се информира пред да започне сослушувањето дека не може да одговара на прашања во име на барателот или да го прекинува сослушувањето.
Тој/таа треба да бидат присутен за да се осигури дека детето нема да биде вознемирено од постапката на сослушување, дека ќе ја добие потребната морална поддршка и сигурност, за да ја олесни комуникацијата меѓу овластеното службено лице и детето, да се осигури дека потребите на детето се исполнети во доволна мера, на пример, преку паузи, освежителни пијалаци, и да даде дополнителни информации коишто можеби имаат влијание врз благосостојбата на детето и неговата подготвеност за сослушување.
Старателот и/или лицето за поддршка треба да дејствуваат во најдобар интерес на детето.
Овластеното службено лице треба да се обиде да осигури детето да не биде вознемирено од постапката на сослушување. Овластеното службено лице исто така треба да осигури потребите на детето да бидат задоволени во доволна мера, вклучувајќи, на пример, преку дополнителни паузи и освежителни пијалаци.
Вообичаено, сослушувањето на самохран родител треба да се прави без присуство на детето/децата.