Skip to main content

LA3P1

Submitted by ferragi on

Направете практични подготовки за да осигурите дека барателот има поддршка за пристап до локацијата каде што треба да го поднесе барањето.

LA30P2

Submitted by ferragi on

Согласно националната пракса, за тие показатели треба да се известат другите релевантни чинители. 

LA30P4

Submitted by ferragi on

Одговорните за разгледување на барањето за меѓународна заштита треба да се известат за соодветните показатели или препознаените посебни потреби за да може да ги земат предвид во смисла на осигурување на посебни гаранции во постапката за признавање право на азил.

LA30P3

Submitted by ferragi on

Чинителите задолжени за прифат и сместување на барателите на меѓународна заштита, како и тие задолжени за проценка и задоволување на нивните потреби, треба да добијат информации за какви било показатели за посебни потреби, за да се осигури задоволување на потребите. 

LA30P1

Submitted by ferragi on

Важно е да ги евидентирате показателите за да осигурите дека се задоволени посебните потреби за време на постапката, како во однос на поддршката при прифатот, така и во однос на гаранциите во постапката. Овластеното службено лице во оваа фаза би било во можност да собере докази и да ги евидентира видливите показатели за различни посебни потреби коишто лесно се откриваат. 

LA2P1

Submitted by ferragi on

Земјите-членки ќе осигурат дека малолетното лице има право да направи барање за меѓународна заштита во свое име, ако е процесно способно да дејствува во постапката согласно законот на земјата-членка во којашто се наоѓа, или преку своите родители или преку друг возрасен член на семејството, или преку возрасно лице коешто е одговорно за него, било според законите или според праксата на земјата-членка (Член 7(3) од Изменетата директива ДПА).

LA29P1

Submitted by ferragi on

Барателот може да има потреба од логистичка поддршка за да му се овозможи пристап до посебна постапка во однос на неговите/нејзините права како жртва на трговија со луѓе. Погледнете ја националната пракса.

LA28P1

Submitted by ferragi on

За барателот да има ефективен пристап до следните чекори во постапката за признавање право на азил, може да биде неопходна логистичка поддршка (како на пр. превоз или спроведување на деловите од постапката на друга локација). Погледнете ја националната пракса. 

LA27P1

Submitted by ferragi on

Ако поради посебните потреби барателот има потреба од дополнителна помош во однос на постапките, овластеното службено лице треба да осигури помошта да се обезбеди.