LA25P2
Потрага по членовите на семејството треба да се започне ако детето не е во придружба на еден или двајцата родители и ако се процени дека тоа е во најдобар интерес за детето.
Потрага по членовите на семејството треба да се започне ако детето не е во придружба на еден или двајцата родители и ако се процени дека тоа е во најдобар интерес за детето.
Секое дете има право да одржува редовни лични врски и директен контакт со двајцата свои родители, освен ако е тоа во спротивност на неговиот интерес (Член 24(3) од Повелбата за фундаментални права).
Нема да се употребуваат гранични и забрзани постапки освен доколку во рамки на тие постапки може да се обезбеди соодветна поддршка во однос на посебните потреби на барателот (Член 24(3) од Изменетата директива ДПА).
Ако е возможно согласно националната пракса, земете го предвид полот на барателот и/или тоа што барателот го претпочита во однос на полот на службеното лице и толкувачот што ќе биде вклучен во постапката.
Во националниот систем може да постојат службени лица коишто се специјализирани за работа со случаи на сексуална ориентација и родов идентитет. Иако можеби нема специјализирани службени лица за барања од ЛГБТИ заедницата, во случаите на трансродови лица може да постојат релевантни национални закони во однос на идентитетот и разоткривањето коишто службеното лице треба да ги познава. Погледнете ја националната пракса.
Согласно националната пракса, може да постојат специјализирани службени лица на кои треба да им се додели случајот. Погледнете ја националната пракса.
Службените лица што работат со лица коишто биле подложени на сериозни форми на насилство и можеби страдаат од траума, треба да имаат соодветна обука во однос на посебните потреби на таквите баратели.
Во националниот систем може да постојат службени лица специјализирани за работа со лица со посебни потреби. Погледнете ја националната пракса.
Во националниот систем може да постојат службени лица специјализирани за работа со жртви на трговија со луѓе. Погледнете ја националната пракса.
Службените лица што работат со деца треба да имаат соодветна обука во однос на потребите на децата и да знаат да се справат со децата на соодветен начин. Согласно националната пракса, може да постојат специјализирани службени лица на кои би требало да се упати случајот.