Skip to main content

LA26P7

Submitted by ferragi on

Тоа може да биде сместувањето за баратели на меѓународна заштита или специјализирано сместување за жртви од трговија со луѓе.  

LA26P6

Submitted by ferragi on

За да се осигурите дека на лицето му се исполнети потребите во однос на сместувањето, земајќи ги предвид личните околности и особено безбедноста, треба да го упатите до соодветно сместување. 

LA26P5

Submitted by ferragi on

Сместувањето треба да е соодветно, земајќи ги предвид индивидуалните потреби на самохраниот родител, на пример, во близина да има установи за детска заштита, близината до училиште и превоз, услуги за готвење/греење итн. Ако е можно, самохраните родители со малолетни деца не треба да бидат сместени со непознати возрасни лица од безбедносни причини.

LA26P4

Submitted by ferragi on

Согласно националната пракса, пренаталната заштита и соодветните услуги треба да бидат на разумно растојание од сместувањето. Исто така, во случаи на напредна фаза од бременоста и/или кога жената веќе добива заштита од соодветните служби, барателката треба да има можност, колку што е тоа возможно, да продолжи да живее во таа област и да продолжи да ја добива моменталната заштита и другата помош на која се потпира. 

LA26P2

Submitted by ferragi on

За повеќе насоки погледнете го делот за „Поддршка при прифат“ и националната пракса.

LA25P5

Submitted by ferragi on

При проценката дали потрагата по семејството е во најдобар интерес на детето, треба да се слушнат и да се земат предвид ставовите на детето согласно неговата возраст и зрелост. Безбедноста на детето треба да биде од примарната важност кога се прави проценка дали да се отпочне со постапка за пронаоѓање на семејството.

LA25P4

Submitted by ferragi on

Овластеното службено лице, на начин соодветен за деца, треба да побара од детето информации за неговото семејство. Целта и постапката за пронаоѓање на семејството треба да му биде објаснета на детето и детето да може слободно да ги изрази своите ставови. 

LA25P3

Submitted by ferragi on

Земјите-членки ќе започнат потрага по членовите на семејството на малолетници без придружба што е можно побрзо откако било направено барање за меѓународна заштита, кога е тоа потребно со помош на меѓународните или други релевантни организации, притоа штитејќи го најдобриот интерес на детето.