Skip to main content

RS16P1

Submitted by ferragi on

Дете коешто било жртва на каква било форма на злоупотреба, запоставување, експлоатација, измачување или сурово, нечовечко и деградирачко постапување или дете коешто настрадало од вооружен конфликт, треба да добие сигурен пристап до рехабилитација, соодветна ментална здравствена заштита и советување (Член 23(4) од Изменетата директива ДУП). Врз основа на темелна проценка на потребите на детето, овластеното службено лице треба, доколку постои потреба, да го упати детето до релевантните служби за рехабилитација.

RS15P9

Submitted by ferragi on

Ако лицето било подложено на женско генитално осакатување, може да биде потребна посебна медицинска помош. 

RS15P8

Submitted by ferragi on

Може да биде потребна специфична медицинска помош за да се одговори на последици од силување. 

RS15P7

Submitted by ferragi on

Може да биде потребна специфична медицинска помош за да се одговори на последици од измачување. 

RS15P6

Submitted by ferragi on

Неопходната заштита на менталното здравје треба да биде на располагање и да е достапна  во самиот објект за сместување или во негова близина.

RS15P5

Submitted by ferragi on

Неопходната здравствена заштита треба да биде на располагање и да е достапна  во самиот објект за сместување или во негова близина.

RS15P4

Submitted by ferragi on

Здравствените потреби на лицата со посебни потреби, особено оние коишто биле жртви на трговија со луѓе, може да бидат сложени и да вклучуваат физички состојби како и психолошки состојби. Ако е потребно, упатете го барателот до соодветната медицинска помош согласно националната пракса.

RS15P3

Submitted by ferragi on

Здравствената заштита што им е овозможена на луѓето што живеат со попреченост ќе вклучува најмалку заштита во итни случаи и основните третмани за соодветната попреченост. 

RS15P2

Submitted by ferragi on

Осигурете дека децата можат ефективно да го користат системот за здравствена заштита. Погледнете ја националната пракса.