Skip to main content

RS23P2

Submitted by ferragi on

Децата ќе бидат задржувани само како мерка на последен избор и откако било утврдено дека не можат ефективно да се применат помалку присилни алтернативни мерки. Таквото задржување ќе биде со најкратко можно времетраење и ќе бидат направени сите напори за ослободување на детето и негово сместување во објект соодветен за деца.

RS23P15

Submitted by ferragi on

Жртвите на измачување, силување и друго сериозно физичко, психолошко или сексуално насилство имаат потреба од посебно внимание и по правило не треба да се задржуваат. Задржувањето може да ги влоши симптомите на траума. Задржувањето треба да се применува само во исклучителни околности.

RS23P14

Submitted by ferragi on

Луѓето коишто страдаат од ментални нарушувања по правило не треба да бидат задржувани. Задржување може да ги влоши симптомите на менталното нарушување. Земјите-членки ќе осигурат редовно надгледување и соодветна поддршка, земајќи ја предвид нивната индивидуална ситуација, вклучително и нивното ментално здравје. 

RS23P13

Submitted by ferragi on

Луѓето коишто страдаат од сериозни болести по правило не треба да бидат задржувани. Задржување може да ја влоши состојбата на лицето. Земјите-членки ќе осигурат редовно надгледување и соодветна поддршка, земајќи ја предвид нивната индивидуална ситуација, вклучително и нивното здравје. 

RS23P12

Submitted by ferragi on

Ако некоја посебна потреба не била препознаена кога лицето било задржано, индивидуалната проценка треба да се преиспита во светло на сите новооткриени посебни потреби. 

RS23P10

Submitted by ferragi on

Во случаи кога се задржани баратели од женски пол, земјите-членки ќе осигурат тие да бидат сместени одвоено од барателите од машки пол, освен кога машките баратели се членови на семејството и доколку сите поединци ја дале својата согласност (Член 11(5) од Изменетата директива ДУП).

RS22P1

Submitted by ferragi on

За детето да има ефективен пристап до следните чекори во постапката за признавање право на азил, може да биде неопходна логистичка поддршка, како на пр. превоз. Погледнете ја националната пракса. 

RS21P8

Submitted by ferragi on

Барателите од женски пол треба да бидат информирани за каква било специфична дополнителна помош што им е на располагање на жените.