Skip to main content

RS25P1

Submitted by ferragi on

Важно е да ги евидентирате показателите за да осигурите дека се задоволени посебните потреби за време на постапката, како во однос на поддршката при прифатот, така и во однос на гаранциите во постапката. Овластеното службено лице во оваа фаза би било во можност да собере докази и да ги евидентира видливите показатели за различни посебни потреби коишто лесно се откриваат. 

RS24P2

Submitted by ferragi on

Во случаи на бремени жени, може да се појават компликации за време на бременоста за кои е потребна дополнителна медицинска помош и/или мирување, што може да влијае врз способноста на барателката да се вклучи во постапка за признавање право на азил. 

RS23P9

Submitted by ferragi on

Задржувањето ќе се употребува само кога ќе се покаже како неопходно врз основа на индивидуалната проценка и ако не може ефективно да се применат други помалку присилни алтернативни мерки. Во случајот на лица со посебни потреби, при разгледувањето на можноста за задржување треба да се земе предвид дека треба да се задоволат нивните посебни потреби. Нивното здравје, вклучувајќи го и менталното здравје, ќе биде од примарна важност за националните власти (Член 11 (1) од Изменетата директива ДУП).

RS23P8

Submitted by ferragi on

Детето треба да има можност да комуницира со роднините, правните застапници, лицата коишто се претставници на УНХЦР и други релевантни национални, меѓународни и невладини организации и тела (Член 18(2)(б) од Изменетата директива ДУП).

RS23P7

Submitted by ferragi on

Од примарна важност за целото времетраење на задржувањето ќе биде најдобриот интерес на детето и истиот постојано ќе се проверува.

RS23P6

Submitted by ferragi on

Во случаи кога се задржани деца без придружба, треба да се осигури нивно сместување одвоено од возрасни лица.

RS23P5

Submitted by ferragi on

Колку што е најмногу можно, децата без придружба ќе добијат сместување во институции каде што има персонал и услови коишто ги земаат предвид потребите на лицата од нивна возраст.

RS23P4

Submitted by ferragi on

Малолетници деца без придружба ќе бидат задржувани само во исклучителни околности (Член 11(3) од Изменетата директива ДУП). Ќе се направат сите обиди за што е можно побрзо ослободување на задржаното малолетно лице без придружба. Децата без придружба никогаш нема да бидат задржувани во затворско сместување. 

RS23P3

Submitted by ferragi on

Во случаите кога се задржуваат деца, децата ќе имаат можност да се вклучат во слободни активности, вклучувајќи забавни и рекреативни активности соодветни на нивната возраст.