Skip to main content

Жртва на трговија со луѓе

Трговијата на луѓе со возрасни лица вклучува три елементи: 1) врбување, преместување или прифаќање на лица за 2) измама или принуда во 3) ситуација на експлоатација.
 
Експлоатацијата вклучува, како минимум, експлоатација за проституција на други или други форми на сексуална експлоатација, принудна работа или услуги, вклучувајќи и питање, ропство или практики слични на ропство, зависност, експлоатација за криминални дејствија, или отстранување органи.
 
Дете што е врбувано, пренесено или преместено за целта на експлоатација се смета за пот

Малолетно лице без придружба

Малолетно лице што пристигнало на територија на земја-членка без придружба на возрасен одговорен за него или неа било законски или според практичката на земјата-членка, и доколку не е под старателство на таа личност; овде се вклучува малолетно лице што нема придружба по влегувањето на територија на земјата-членка; 

Врз основа на член 2 (е) од Директива за условите за прифат, преиначена верзија и член 2(m) од Директива за постапка за азил, преиначена верзија, повикувајќи се на лен 2(l) Директива за квалификација, преиначена верзија. 

Лице без придружба (дете)

(дете) кое не е ефективно згрижено од возрасно лице одговорно за него/неа, било според законот или според практиката на засегнатата држава-членка.
 
Врз основа на член 2 (д) од Директивата за условите за прием (преработен текст) и член 2 (к) од Директивата за постапка за азил (преработен текст), во однос на член 2 (ј) од Директивата за квалификација (преработен текст).

транс

Транс е инклузивен, чадор-термин кој се однесува на оние луѓе чијшто родов идентитет и/или родово изразување се разликува од полот со кој се родиле.

Трговија со луѓе (ТСЛ)

Трговија со луѓе се однесува на регрутирање, транспорт, трансфер, криење или примање лица, вклучително и размена или трансфер на контролата врз тие лица, по пат на закани или употреба на сила или други форми на присила, киднапирање, измама, лага, злоупотреба на моќ или на позиција на ранливост или давање или примање исплати или бенефиции за добивање согласност од лице кое има контрола врз друго лице, за цели на експлоатација.
 
Жртва на трговија со луѓе е лице подложено на дејство или практика на тргување за цели на експлоатација, која како минимум вклучува експло

Тортура

Тортура значи секој акт, преку кој на одредено лице намерно му се нанесува тешка болка или страдање - физичко или психичко – заради добивање информации или признание од него или од трето лице; негово казнување за дело кое тој или некое трето лице го извршило или се сомничи дека го извршило; негово заплашување или принудување на трето лице; или од која било причина заснована на дискриминација од каков било вид, кога таквата болка или страдање се нанесува од страна на или на иницијатива на или со согласност или прифаќање на носител на јавна функција или друго лице, кое е на службена д