Skip to main content

Национален механизам за упатување

Националниот механизам за упатување (НМУ) е рамка за идентификување на жртви на трговија со луѓе и обезбедување тие да добијат соодветна заштита и да го прифатат процесот. НМУ е осмислен за олеснување на сите различни агенции што може да бидат вклучени во случаите со трговија на луѓе, на пример, полицијата, имиграциските власти, локалната власт и невладините организации за соработка; да се споделуваат информации за потенцијални жртви и да се овозможи нивниот пристап до адвокат, сместување и поддршка.

лезбијки

Лезбејка е жена којашто трајно физички, романтично и/или емотивно ја привлекуваат други жени.
 
Врз основа на дефиницијата од модулот „Род, родов идентитет и сексуална ориентација“ од програмата за обука на ЕКПА.

интерсекс

Терминот интерсексуалец се однесува на состојба во којашто поединецот е роден со репродуктивна или сексуална анатомија и/или шеми на хромозоми за кои се чини дека не се вклопуваат во вообичаените биолошки концепти за машко или женско.
 
Интерсексуалните лица може да се идентификуваат како машко или женско, додека пак нивната сексуална ориентација може да биде лезбејка, геј, бисексуалец или хетеросексуалец.
 
Врз основа на дефиницијата од модулот „Род, родов идентитет и сексуална ориентација“ од програмата за обука на ЕКПА.<

Интелектуална попреченост

Интелектуалната попреченост се одликува со значителни ограничувања во секојдневните социјални и практични вештини. Интелектуалните попречености може да се појават на која било возраст. Во зависност од степенот и специфичноста на попречувањето, некои од нив може да бидат видливи и препознатливи, додека пак други може да се идентификуваат преку комуникација со барателот. Треба да се прави разлика помеѓу интелектуална попреченост и неписменост (мало или без формално образование со цел да се научи да се чита и пишува).

Нарушување на слухот

Нарушување на слухот, наглувост или глувост се однесува на состојби при кои поединците целосно или делумно не можат да детектираат или примаат барем некои звучни фреквенции кои обично може да ги слушаат најголем дел од луѓето. Слабото губење на слухот понекогаш може да не се смета за попречување.

Родов идентитет

Се однесува на длабокото чувство на секоја личност во нејзиното внатрешно и индивидуално искуство во поглед на родот, што може но и не мора да одговара на сексуалниот пол од раѓање, вкучувајќи го и личното чувство на телото (каде што се вклучува и, под слободен избор, модификации на телесниот изглед или функција во медицинска, хируршка и друга смисла) и други изразувања на полот, вклучувајќи и начин на облекување, говор и манири.

Родов идентитет

Се однесува на длабокото чувство на секоја личност во нејзиното внатрешно и индивидуално искуство во поглед на родот, што може но и не мора да одговара на сексуалниот пол од раѓање, вкучувајќи го и личното чувство на телото (каде што се вклучува и, под слободен избор, модификации на телесниот изглед или функција во медицинска, хируршка и друга смисла) и други изразувања на полот, вклучувајќи и начин на облекување, говор и манири.