Член 7 (2) од Директивата за постапка за азил, преиначена верзија
Барањата поднесени во име на штитениците или малолетните лица
2. Земјите-членки може да обезбедат дека барањето може да биде поднесена од барателот во име на неговиот или нејзиниот штитеник.
Член 60(3) од Истанбулската конвенција
Родово засновани барања за азил
1. Органите се должни да ги преземат потребните законски или други мерки да се погрижат за тоа дека насилството врз основа на родот може да се препознае како форма на тортура според членот 1, А (2), од Конвенцијата од 1951 година за статусот на бегалците и како форма на тешка повреда за која е потребна дополнителна/супсидијарна заштита.
2. Органите се должни да се погрижат дека интерпретацијата на полот е врз основа
Член 31 (7) (b) од Директивата за постапка за азил, преиначена верзија
Постапка на испитување на барањето
7. Земјите-членки може да дадат предност на испитувањето на барањето за меѓународна заштита во согласност со основните начела и гаранции од Поглавје II особено:...
(б) ако барателот е ранливо лице, во согласност со член 22 од Директивата 2013/33/ЕУ, или има потреба од посебни процедурални гаранции, особено ако е малолетно лице без придружба.
Член 29 (1) од Директивата за условите за прифат, преиначена верзија
Персонал и ресурси
1. Земјите-членки се должни да преземат соодветни мерки да се погрижат дека властите и другите организации ја добиле потребната основна обука во однос на потребите и на машките и на женските баратели.
Член 25 (5) од Директивата за постапка за азил, преиначена верзија
Гаранции за малолетни лица без придружба
5. Земјите-членки може да спроведат медицински испитувања за одредување на возраста на малолетните лица без придружба во рамките на разгледувањето на барањето за меѓународна заштита во случаите во кои, по општите изјави или други релевантни индикатори, земјите-членки имаат сомнежи за возра
Член 25 (4) од Директивата за постапка за азил, преиначена верзија
Гаранции за малолетни лица без придружба
4. На малолетните лица без придружба и нивните застапници ќе им бидат обезбедени, без никаков надомест, законски и процедурални информации според член 19 во постапките за повлекување на меѓународната заштита според поглавје IV.
Член 25 (1) (b) од Директивата за постапка за азил, преиначена верзија
Гаранции за малолетни лица без придружба
1. Во однос на сите процедури според оваа Директива и без исклучок на одредбите од членовите 14 до 17, земјите-членки се должни:
...(б) да гарантираат дека застапникот има можност да го информира малолетното лице без придружба за значењето и можните последици од личното сослушување и, каде што е соодветно, како да се подготви за личното сослушување.
Член 25 од Директивата за условите за прифат, преиначена верзија
Жртви на тортура и насилство
1. Земјите-членки се должни да гарантираат дека лицата што претрпеле тортура, силување или други сериозни акти на насилство, ќе добијат потребен третман за штетата предизвикана од таквите акти, а особено достапност до соодветни медицински и психолошки третман или нега.
2. Лицата што работат со жртви на тортура, силување или други сериозни акти на насилство ќе посетуваат и ќе продолжат да посетуваат соодветна обука
Член 25 од Директивата за постапка за азил, преиначена верзија
Гаранции за малолетни лица без придружба
1. Во однос на сите процедури според оваа Директива и без исклучок на одредбите од членовите 14 до 17, земјите-членки се должни:
(а) да преземат мерки веднаш во најкус можен рок за да обезбедат дека претставникот го претставува и му помага на малолетното лице без придружба за негово или нејзино оспособување да ужива во правата и да ги исполнува обврските одредени во оваа Директива.
Член 24 (3) од Директивата за постапка за азил, преиначена верзија
Баратели со потреба од посебни процедурални гаранции
3. Земјите-членки гарантираат дека онаму каде што барателите се идентификувани како баратели со потреба од посебни процедурални гаранции, ќе обезбедат соодветна поддршка со цел да уживаат во правата и да ги исполнат обврските од оваа Директива во текот на траењето на постапката за азил.
Онаму каде што не може да се гарантира соодветна поддршка во рамките на процедурите според член 31(8) и член 43, особено онаму каде што земјите-членки сметаат дека б